Nokia C5 06 - Offline профил

background image

Offline профил

Offline профилот Ви овозможува да го користите уредот без да се поврзете на

безжична мобилна мрежа. Кога offline профилот е активен, можете да го користите

Вашиот уред без SIM картичка.
Активирајте го offline профилот

Кратко притиснете го копчето за вклучување и одберете

Offline

.

Кога ќе го активирате offline профилот, конекцијата со мобилната мрежа е

исклучена. Сите радио фреквентни сигнали до и од уредот со мобилната мрежа се

оневозможени. Ако се обидете да пратите пораки користејќи мобилна мрежа, тие

ќе одат во папката за Испратени пораки и ќе бидат пратени подоцна.

Важно: Во offline профилот не можете да остварувате или примате било какви

повици, или да користите други карактеристики за кои е потребно мрежно

покривање. Можете да го повикате официјалниот број за итни слуачи програмиран

во Вашиот уред. За да упатувате повици, морате прво да се префрлите на друг

профил.
Кога го имате активирано offline профилот, сèуште можете да ја користите

безжичната LAN (WLAN), на пример, за да ги читате Вашите e-mail пораки или да

пребарувате на интернет. Исто така можете да користите Bluetooth конективност

додека сте во offline профилот. Запамeтете да ги почитувате сите применливи

безбедносни барања кога воспоставувате и користите WLAN или Bluetooth

конекции.