Nokia C5 06 - За Bluetooth конективноста

background image

За Bluetooth конективноста

Со Bluetooth конективноста, можете да направите безжична конекција со друг

компатибилен уред, како што се мобилни уреди, компјутери, слушалки и сетови за

во автомобил.
Можете да ја користите конекцијата за да испратите објекти од Вашиот уред,

префрлате датотеки од Вашиот компатибилен PC и да печатите датотеки со

компатибилен печатач.

Одберете

Menu

>

Settings

и

Connectivity

>

Bluetooth

.

Бидејќи уредите со Bluetooth безжична технологија комуницираат користејќи

радио бранови, тие не мора да бидат во директна линиска врска. Како и да е, тие

мора да бидат оддалечени најмногу 10 метри (33 стапки) еден од друг, иако

конекцијата може да биде попречена од некои пречки како што се ѕидови или

други електронски уреди.
Овој уред е во согласност со Bluetooth спецификацијата 2.0 + EDR што ги поддржува

следниве профили: генерички пристап, прежен пристап, контрола, hands-free,

слушалки, праќање објекти, пренос на датотеки, dial-up networking, SIM пристап,

и сериски порт . За да осигурате интеропратибилност помеѓу другите уреди што

поддржуваат Bluetooth технологија, користете додатоци за овој модел што се

одобрени од Nokia. Проверете со производителите на другите уреди за да ја

утврдите нивната компатибилност со овој уред.
Кога уредот е заклучен, можни се само конекции со овластени уреди.

94 Конективност