Nokia C5 06 - Наполнете ја батеријата

background image

Наполнете ја батеријата

Вашата батерија е делумно наполнета во фабриката, но можеби е потребно да ја

наполните повторно пред да можете да го вклучите телефонот за првпат. Ако

телефонот покажува дека батеријата е речиси празна, направете го следново:
Полнење од ѕиден штекер

1 Поврзете го полначот со ѕидниот штекер.

2 Поврзете го полначот со Вашиот телефон.

3 Кога телефонот покажува целосна наполнетост, исклучете го полначот од

телефонот, а потоа од ѕидниот штекер.

Ако некоја батерија не е користена подолго време, за да започнете со полнење

може да е неопходно да го приклучите полначот и потоа да го исклучите и

повторно да го вклучите.

За почеток 11

background image

Не треба да ја полните батеријата одреден временски период, а телефонот можете

да го користите додека се полни.
Ако батеријата е целосно испразнета, може да потрае неколку минути пред

индикаторот за полнење да се појави на екранот или пред да можат да се направат

било какви повици.
Совет: Откачете го полначот од ѕидниот штекер кога не полначот не е во употреба.

Полначот којшто е поврзан со штекерот троши енергија дури и кога не е поврзан

со телефонот.
Полнење од USB уред

Можете да користите полнење преку USB кога не е достапен ѕиден приклучок. За

време на полнењето на уредот можен е пренос на податоци. Ефикасноста на

напојувањето преку USB може значително да се разликува и може да биде

потребно долго време пред да почне полнењето и уредот да почне да

функционира.
1 Користете компатибилен USB кабел за податоци за да го поврзете Вашиот

телефон со компатибилен USB уред, на пример, компјутер.

Во зависност од типот на уредот што се користи за полнење, може малку да

потрае додека полнењето да започне.

2 Ако телефонот е вклучен, одберете го соодветниот USB режим.