
Инсталирање на SIM картичката и батеријата
Важно: Не користете мини-UICC SIM картичка, исто така позната како микро-SIM
картичка, микро-SIM картичка со полнач или SIM картичка што има мини-UICC
исечок (види слика) во овој уред. Микро SIM картичката е помала од
стандардната SIM картичка. Овој уред не ја поддржува употребата на мини-UICC SIM
картички. Употребата на некомпатибилни SIM картички може да ја оштети
картичката или уредот и може да ги оштети податоците што се зачувани на
картичката.
SIM картичката може веќе да е вметната во телефонот. Доколку не е, сторете го
следново:
1 Отстранете го задниот поклопец.
2 Отстранете ја батеријата, доколку е вметната.
3 Придвижете го држачот за SIM картички за да го отклучите.
За почеток
7

4 Подигнете го држачот на SIM картичката.
5 Проверете дали областа за контакт на SIM картичката е свртена кон телефонот
и лизнете ја во држачот за SIM картички.
6 Вратете го назад држачот на SIM картичката. Лизнете го држачот за SIM
картички за да го заклучите.
7 Подредете ги контактите на батеријата и вметнете ја батеријата.
8
За почеток

8 За да го замените поклопецот, насочете ги горните делови за заклучување кон
нивните места и притиснете се додека поклопецот не се заклучи на своето
место.
Доколку SIM картичката не е соодветно поставена, телефонот може да се користи
само во offline профил.