Nokia C5 06 - Инсталирање на апликации

background image

Инсталирање на апликации

Можете да префрлувате инсталациони датотеки на Вашиот уред од компатибилен

компјутер, да ги даунлоадирате во тек на пребарување, или да ги испратите во

мултимедијална порака, како e-mail прилог, или користејќи други методи на

конективност, како што е Bluetooth конективност.
Можете да користите Nokia Application Installer во Nokia Ovi Suite за да инсталирате

некоја апликација во Вашиот уред.
Одберете

Menu

>

Settings

и

Application mgr.

.

Датотеките за инсталација се наоѓаат во папката Installation files, а инсталираните

апликации се наоѓаат во папката Installed apps..
Иконите покажуваат на следново:

SIS или SISX апликација
Java апликација
Додатоци
Апликацијата е инсталирана во мемориската картичка

Други апликации 105

background image

Пред да инсталирате некоја апликација, проверете го следново:

Погледнете го типот на апликацијата, бројот на верзијата, и обезбедувачот или

производителот на апликацијата. Одберете ја апликацијата.

Погледнете ги деталите за сертификатите за безбедност за апликацијата.

Одберете

Certificates:

>

View details

.

Ако инсталирате датотека која содржи надградба или поправка на некоја

постоечка апликација, можете да ја повратите оригиналната апликација ако ја

имате оригиналната инсталациона датотека или резервна копија на отстранетиот

софтверски пакет. За да ја повратите оригиналната апликација, отстранете ја

апликацијата и повторно инсталирајте ја апликацијата од оригиналната датотека

или резервна копија.
JAR датотеката е потребна за инсталирање на Java апликации. Ако таа недостига,

уредот можеби ќе бара да ја даунлоадирате. Ако нема дефинирано пристапна

точка за апликацијата, ќе Ви биде побарано да одберете една.
Инсталирање на апликација

1 Најдете ја инсталационата датотека во папката со датотеки за инсталација во

Управување со апликации, или побарајте ја во Управување со датотеки, или

во Вашето Дојдовно сандаче во Пораки.

2 Во Управување со апликации, одберете и задржете ја апликацијата што сакате

да ја инсталирате и од менито што се појавува, одберете

Install

. Во други

апликации, одберете ја инсталационата датотека за да започне

инсталирањето.

Во текот на инсталацијата, уредот покажува информации за напредокот на

инсталацијата. Ако инсталирате некоја апликација без дигитален потпис или

сертификат, уредот прикажува предупредување. Продолжете со

инсталацијата само ако сте сигурни за потеклото и содржините на

апликацијата.

Отворање на инсталирана апликација

Одберете ја апликацијата во менито. Доколку апликацијата нема дефинирано

определена папка, таа е инсталирана во папката Installed apps., во главното мени.
Преглед на инсталираните или отстранети софтверски пакети

Одберете

Options

>

View log

.